Германскиот возач во тимот на Ред Бул Себастијан Фетел по четврти пат еднопоруго е шампион во Формула 1. Тој на три трки до крајот на шампионатот со денешната победа обезбеди недостижна предност пред конкурентите и супериорно победи во сезоната. Фетел е најмладиот четирикратен шампион и им се придружува на Фанџо и Шумахер кои успеале да стигнат до четири едноподруго освоени шампионати. Со десет победи во една сезона тој и не можеше да изгуби оваа година.
На денешната трка тој победи пред возачот на Мерцедес Нико Розберг и Роман Грожан од Лотус.
Ред Бул е шампион во конструктори, додека за второто место се борат тимовите на Мерцедес, Ферари и Лотус.
Следната трка се вози за една недела за големата награда на Абу Даби.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




