| четврток, 6 декември 2018 |

Починатата Бугарка се уште чека погреб

mrtva-bugarka-fotoБугарката која пред два и пол месеци беше пронајдена мртва  во Струга, се уште не е погребана, ексклузивно дознава “Охриднет”. Нејзиното тело се наоѓа во Битолската капела на чување, а случајот го потврдиле и од Основниот суд во Струга.

– Починатата немаше ниту патна исправа,  ниту лична карта. Таа илегално престојувала во Струга. Кај неа беше пронајдена единствено здравствена книшка, но никој досега  не извршил идентификација на телото, изјави за Охриднет претседателот на струшкиот суд Ади Усеини.

Ниту роднини,  ниту пријатели досега не се јавиле да ја побараат жената. Од овие причини бугарската амбасада не е заинтересирана за превземање и погребување на нивната државјанка во сопствената земја.

Чувањето на телото во битолската капела чини неколку илјадници евра. Не се знае кој ќе ги покрие трошоците а се  уште  не се знае и кој ќе ја погреба и каде ќе биде погребана.

63 годишната бугарска туристка од Софија на 11 Август  беше  пронајдена мртва во изнајмена соба во Струга .

Нејзиното тело го најде  сопственикот на куќата.  Според полицискиот извештај медицинска екипа  констатирала смрт  без траги на насилство.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top