| четврток, 6 декември 2018 |

Кина испраќа робот на месечината

changzheng-3-compass-igso21 Кинеската ракета носач “Големиот поход 3Б” тргна од Пекинг до космодромот Сичан во провинцијата Сечуан во југозападна Кина. Тоа се подготовки  за првото кинески вселенско возило, соопштија од Комитетот за одбрана наука, техника и индустрија на НР, пренесува  ИТАР-ТАСС.

Според агенцијата Ксинхуа, во споредба со претходниот кинески лунарниен вселенски апарат, тука се “користат голем број на нови технологии и е зголемена сигурноста”.

Кинеското вселенско возило, според претходно објавени податоци е “самодвижечки уред со тежина од околу 100 килограми, што треба да работи на површината на Месечината не помалку од три месеци.China_launchvehicle

Истрелувањето на модулот ќе биде на крајот на годината во рамките на втората фаза на кинеската  програма која предвидува орбитални апарати на  Месечината  за собирање на примероци од месечевата површина. Помеѓу 2020 и 2025 година на Месечината ќе тргнат и кинеските космонаути.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top