„Microsoft“ полека доаѓа до крајот на преземањето вредно седум милијарди долари – бизнисот на „Nokia“ во областа на мобилните телефони и таблет уредите.
Поранешниот извршен директор на „Nokia“ Стефан Елоп, кој сега е на чело на одделението за иновации на „Microsoft“, вели дека не е исклучена можноста да не постојат повеќе телефоните со име „Nokia“. Првиот „Windows“ таблет „Lumia 2520“ како и паметниот телефон „Lumia“, кои беа претставени оваа недела во Абу Даби, најверојатно се последните кои ќе го носат името „Nokia“.
Компаниите суште не се договориле околу настапот на пазарот на овие уреди, а како што изјави Елоп тие наместо називот „Nokia“ може да го носат називот „Lumia“.
„Сеуште не сме одлучиле за доминантен бренд кога станува збор за паметните телефони. Треба да истражиме на што најдобро реагираат корисниците“, изјави Елоп.
„Microsoft“ најверојатно ќе престане да ја развива таблет линијата од брендот „Lumia“, за тие да не бидат конкурентни со уредите „Surface“, кои веќе долго се на пазарот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.