Упрвата за јавни приходи во понеделник ќе постави „Мобилни даночни шалтери“ пред општинската зграда на Аеродром.
Преку опремено комби како даночна канцеларија, граѓаните и фирмите без да го напуштат своето место на живеење ќе имаат можност да ги добијат сите даночни услуги и информации. Тие можат да ги достават сите видови даночни пријави и да ги подигнат сите документи што ги издава УЈП, информираат од општината.
Целта на оваа активност на УЈП е да се овозможи достапност на услугите, како и да се зголемат ефикасноста и ефективноста на мобилните даночни шалтери, да се олесни даночната процедура, да се заштедат време и трошоци и да се обезбеди брз и лесен пристап до даночните услуги за граѓаните.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст



