| четврток, 6 декември 2018 |

Крајот на ерата на антибиотиците

antibiotici

Претпоставените во британскиот Центар за контрола и превенција на болестите во едно интервју објавија „крај на ерата на антибиотиците“.

 „Веќе подолго време медиумите зборуваат за можниот крај на антибиотиците. Сега веќе не мораат да ставаат прашалник на крајот на таквите реченици. Може само да напишат „Крај на антибиотиците“ и точка“, вели д-р Арјун Шринивасан.

Шринивасан во извештајот под името „Лов на бактериите од кошмарот“ рече дека луѓето и домашните животни се толку многу презаситени со антибиотици што сега бактериите се отпорни на тие лекови.

Тој вели:

„Се наоѓаме во пост-антибиотската ера. За пациентите кои ги имаме нема терапија и буквално сме во позиција на имаме пациент на постела за кого пред пет години постоело лек. Сега лекот го нема“.

Д-р. Шринивасан го наведе примерот за случајот на тројцата играчи на Тамп Беј кои се заразиле со потенцијално смртоносниот сој на стафилокок, МРСА, кој порано беше резервиран само за болниците.

Меѓутоа, пред 10 години истата инфекција се појави во училиштата и салите за физичко воспитување.

Бактеријата цело време еволуира и развива отпорност на конвенционалните антибиотици, а лекарите беа приморани да бараат стари и многу опасни лекови како колистинот. Лекот е многу токсичен и ги оштетува бубрезите, но тие биле приморани да го користат.

Сето тоа е последица на прекумерна употреба и злоупотреба на антибиотиците, а за тоа делумно се виновни и фармацевтските компании. Како заклучок, д-р. Шринивасан изјави:

„Тие се чудесни лекови, но не се грижевме добро за нив“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top