
Градоначалничката на Општина Кисела Вода Билјана Беличанец – Алексиќ денеска додели ваучери на 53 семејства од општината кои имаат принова и притоа доставија комплетна документација за еднократна парича помош.
– Со мерката што Општина Кисела Вода првпат ја применува од оваа година, искрено се надевам дека ќе дадеме скромен поттик и стимул за семејствата сериозно да размислуваат и да се одлучат за зголемување на бројот на дечиња, рече Беличанец – Алексиќ.
Таа ги повика сите родители кои ги исполнуваат критериумите заедно со барањето да достават лична карта или друг документ за лична идентификација, извод од матична книга на родените за новороденчето, како и фотокопија од трансакциска сметка. Рокот за поднесување на барањата е 90 дена од моментот на раѓање на детето.
– Сакам да испратам јасна порака дека Општина Кисела Вода се грижи, и понатаму ќе продолжи да се грижи за своите најмали жители. Овој проект во Програмата од социјалната сфера на Општина Кисела Вода ќе се запази се до крајот на истекот на мојот мандат, најави градоначалничката Беличанец – Алексиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


