
СДСМ не е против фискална дисциплина, напротив, со предлог-мерката за поврат на ДДВ јасно стави на знаење дека ќе предложи цел систем мерки со чија примена значително ќе се влијае на фискалната дисциплина, најави на денешната прес – конференција портпаролот на партијата, Петре Шилегов.
СДСМ, нагласи тој, ќе ги врати назад прекршоците како правен инструмент за почитување на прописите. За таа цел, посочи, најпрво ќе се оди со опомена за сторен прекршок.
– Доколку биде повторено дело ќе се оди со пониски казни. Евентуално при повеќе пати повторено дело, ќе се спроведат високите казни. Ова е само сегмент од предвиденото во програмата на СДСМ, со којашто како што повеќе пати информиравме, целта е враќање на стабилната средна класа во општеството, појасни Шилегов.
Според податоци од Централниот регистар Битола, во акција на УЈП, рече постпаролот на СДСМ, спроведена во средината на минатиот месец се затворени 16 мали трговски субјекти. Според информации на СДСМ од теренот, станува збор за авто- перални, книжари, дуќанчиња за ќерамика…мали фирми, со по еден-двајца вработени и управител. Во Крушево, според информации на партијата, во последната акција на Управата, на 26 септември привремено се затворени 6 микро фирми.
– Истото се случува и во Кавадарци, Неготино, Штип, Тетово и сите други градови во Македонија. Казните за прекршоци се замислени како правен инструмент за почитување на прописите, рече меѓу другото Шилегов и додаде оти на име глоба последниве 6 години се наплатени од 8 милијарди денари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


