| четврток, 6 декември 2018 |

Јованка Броз погребана со песната „Бела чао“

pogreb jovanka

Јованка Броз точно на пладне беше погребана во Куќата на цвеќето во Белград. Ковчегот со телото на Броз беше спуштен во такт со песната „Бела чао“, што беше нејзина последна желба. Полициската проценка е дека на погребот присуствувале 10.000 луѓе, јави Блиц.

– Време е да признаеме дека направивме грев и кон Јованка Броз и кон сопствената историја. Неправдата почна да се исправа дури на крајот на нејзиниот живот, изјави премиерот на Србија Ивица Дачиќ во прошталниот говор.

– Во младоста и во староста, во имање и во немање ја красеа гордост, чесност и достоинство, рече Горан Алексиќ, претставник на семејството на Јованка Броз.

Пред влезот на комплексот имало колона луѓе, југоносталгичари кои стигнале од сите страни на поранешна Југославија кои носеле знамиња на Југославија, маички со апликации Југославија, слики на Јованка и Тито, цвеќиња и по некоја капа со петокрака.

pogreb jovanka1

На погребот присуствуваа и претставници од партијата на Сојузот на Титови леви сили од Македонија и од Здружението на граѓани Ј.Б. Тито од Кочани, јави Блиц.
POŠTOVAOCI JOVANKE BROZ
Погребот го следеа 266 новинарски екипи од 74 редакции од кои 42 странски, меѓу кои Франс прес, Асошиејтед прес, Ројтерс, Дојче веле, РАИ…
makedonci na pogrebot na jovanka broz

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top