| четврток, 6 декември 2018 |

Убиен лидерот на терористичката ал Нусра во Сирија?

al-nusra-leader-killed-syria.si

Сириската државна телевизија соопшти дека е убиен Абу Мухамед ал Џулани, првиот човек на екстремистичката терористичка група ал Нусра која тесно соработува со Ал Каеда.

Повеќе информации за овој случај нема, но Би Би Си јави дека наводно, Џулани бил убиен во крајбрежниот град Латакија. Aл Нусра, пак ги негираше информациите за убиството, тврдејќи дека нивниот лидер е во добро здравје.

Ако е вистинита, тоа може да влијае на понатамошниот тек на војната во Сирија, особено за кревање на моралот кај приврзаниците на сирискиот претседател Башар ал Асад.

Ал Нусра е една од најдобро организираните бунтовнички организации кои војуваат во Сирија. Формирана е лани, а има 10.000 борци кои се борат за формирање исламска држава.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top