| четврток, 6 декември 2018 |

Има коса речиси три метри- не се потстрижила 16 години

Кинеската Ни Линмеј од провинцијата Шанси не ја потстрижила косата цели 16 години поради што сега таа е долга 2,9 метри. На 57 годишната Линмеј од Тајхуан и се потребни два часа за да ја измие косата, а потоа ја замотува на главата за да не и се влече по земја.

Иако Линмеј е една од најголемите атракции во родниот град, таа се уште не е светски рекордер, кој го држи Сје Кјупинг. Нејзината коса имала неверојатна должина од 5,6 метри, а последен пат била измерена во 2004 година.

kosa tri metri kina

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top