| четврток, 6 декември 2018 |

Барса падна во Истанбул, Мекејлеб одличен

Во дерби натпреварот од второто коло во кошаркарската евролига се сретнаа кошаркарските гиганти Фенербахче и Барселона. Домашниот тим победи со 75-70. Во текот на целиот натпревар водството беше во рацете на турците кои предводени од најтрофејниот европски тренер Жељко Обрадовиќ со оваа победа најави борба за самиот врв на Европа. Во последните моменти од натпреварот Фенербахче можеше и да ја испушти победата од раце иако во текот на мечот водеа и со 16 коша разлика. Сепак избраниците на Обрадовиќ се соземаа во финишот и рутински го приведоа натправарот до крајот.
Нашиот репрезентативец добива огромна подршка од тренерот играјќи 30 минути со солиден учинок од десет поени, четири асистенции, осум скока и две украдени топки.
Најефикасен на паркетот беше Литванскиот репрезентативец Клеиза со 22 поени. Кај гостите се истакна Наваро со 18 реализирани поени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top