| четврток, 6 декември 2018 |

Синодот на МПЦ пресече: нема „Фејсбук“ за свештениците, монаштвото и владиците

goran-kol-06-sinod-na-MPC-(10)Нема користење на социјалната мрежа „Фејсбук“ за свештенството, монаштвото и владиците, одлучи Синодот на Македонската православна црква (МПЦ), пишува весникот „Нова Македонија“.

Како што пишува весникот, решението во писмена форма било доставено до великодостојниците, а на него пишува и рок до кога треба да се исклучат од социјалната мрежа. Црковни извори, пак, истакнуваат дека ограничувањето треба да важи особено за оние што изминативе месеци искажувале лични ставови на „Фејсбук“ и коментирале за политичките состојби во државата. Сепак, замерките на дел од свештенството и од монаштвото се дека конечната одлука не е поткрепена со конкретна причина за забрана за користење на социјалната мрежа. Се прашуваат која би била казната ако докрај не ја спроведат одлуката на Синодот и продолжат да објавуваат фотографии и да коментираат на „Фејсбук“.

Инаку, владиката Петар е предлагач на ваквата одлука, што создало недоразбирања и превирања меѓу повозрасните, кои воопшто не го користат интернетот во комуникацијата со верниците, и меѓу помладите владици, кои секојдневно, особено преку мобилните телефони, се присутни на социјалните мрежи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top