| четврток, 6 декември 2018 |

Отворен сквер „Буњаковец“ (галерија)

На местото на кое до пред неколку месеци се наоѓаше дива такси-станица, сега има зеленило и нова урбана опрема.

На скверот „Буњаковец“, кој симболично беше отворен синоќа од градоначалникот Андреј Жерновски, беа жителите на Центар, но и сите добронамерници и гости. Скверот има површина од 1.100 квадратни метри, урбана опрема, ново осветлување. Зеленилото се наводнува со ситемот капка по капка. Клупите и чешмата се за сите кои сакаат да здивнат од градската гужва.

Изградбата на скверот чини 3,5 милиони денари, а средствата се од буџетот на Општина Центар.

Skver Bunjakovec (2)

Skver Bunjakovec (3)

Skver Bunjakovec (4)

Skver Bunjakovec (5)

Skver Bunjakovec (6)

Skver Bunjakovec (1)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top