На отворањето на овогодинешниот Моден викенд во Скопје, Порше Македонија ја претстави третата изведба од успешната А3 серија – Ауди А3 Лимузина.
Брендот Ауди со овој модел за прв пат влегува во најголемиот светски сегмент – класата на компактни лимузини.
Ауди А3 Лимузина како прв Ауди модел во премиум компактната класа, блеска со својот спортски карактер, а со малата тежина поставува нови стандарди. Најмалата тежина е постигната кај моделот 1.4 TFSI S – Tronic и благодарение на лесниот дизајн наречен Ауди Ултра, изнесува само 1.250 килограми.
Импресионираат ефикасните возни својства како и големиот број на системи за помош на возачот направени сoгласно последните технолошки достигнувања. Пространата внатрешност на овој спортски автомобил со четири врати е недвосмислено комфорна за оваа класа на автомобили, рафинирана и јасна. Како и кај сите останати Ауди возила, управувањето е лесно, а командите се лесно достапни и едноставни за употреба. Багажниот простор изнесува 425 литри, а може да биде значително зголемен со преклопување на задните седишта.
Достапен е со 4 агрегати: два дизелски TDI мотори и два TFSI бензински мотори. Работната зафатнина изнесува 1.4, 1.6, 1.8 и 2.0 литри, а моќноста меѓу 103 kW (140 КС) и 132 kW (180 КС). Сите мотори комбинираат голема моќ со неверојатна заштеда на горивото. Се истакнува бензинскиот 1.4 TFSI мотор кај кој при ниски оптоварувања привремено се исклучуваат два цилиндри. Врвниот модел е со ознака S3 и со 300 КС и quattro погон.
На барање на клиентите, кај Ауди A3 Лимузина може да вгради Ауди drive select (кој е во стандард кај „Ambition“ нивото на опрема). Тоа му овозможува на возачот да избере еден од неколкуте начини на управување со моторот, управувачот и S – Tronic менувачот. Големината на тркалата се движи од 16 до 19 инчи во дијаметар.
Последен збор на технологијата: Ауди А3 Лимузина им нуди на своите возачи широк спектар на информативно забавни модули, на врвот е опцијата која вклучува аудио систем од „Bang & Olufsen“ и MMI навигација плус. Најновиот 7-инчен екран совршено со вклопува во инструмент таблата. Корисникот има голем број опции за користење на MMI системот преку сверичната површина за управување која воедно може да биде чувствителнa и на допир. На површината можат да се пишуваат букви и бројки кој системот ги распознава. Возачот може да ги користи придобивките од поврзувањето со интернет, тука се сите услуги кои се дел од „Audi Connect: Google Earth и Google Street View“ слики, Ауди он-лајн сообраќајни информации, поврзување со Фејсбук и Твитер. Сосема нова Audi Connect услуга достапна во одредени земји – е локаторот на паркинг простор. Оваа функција обезбедува информации за паркинг простори, паркиралишта со мулти – нивоа и подземни гаражи. Ауди А3S со 221 kW (300 КС)
Најбрзата верзија доаѓа со 2.0 TFSI бензински мотор со 221 kW (300 кс) и вртежен момент од 380 Nm. Моделот забрзува од 0 до 100 km/h за само 4,9 секунди кај моделот со шест –степен S Tronic менувач (5.3 секунди со мануелен менувач). Брзината е електронски ограничена на 250 km/h. Четири – цилиндричниот турбо мотор во просек троши 6,9 литри на 100 km.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




