Во интерјву од 1993. година кое неодамна се појави на Јутјуб може да се слушне како Курт Кобејн во разговор со глумецот Џон Севиџ зборува за неговата сексуалност во младоста.
Во интервјуто Кобејн ги опишува деновите од средно школо, кога се чувствувал осамен и отфрлен, а Севиџ го прашал дали имал проблем со гласините дека е хомосексуалец.
-Едно време мислев дека сум хомосексуалец и дека тоа е решението на моите проблеми. Никогаш сум немал такво искуство, но имав такви пријатели, но мајка ми ми забрани да се дружам со нив. Ми беше многу тешко да се одвојам од него- вели Кобејн во интервјуто.
Ова не е прв пат славниот рокер да говори за неговата сексуалност, бидејќи тоа се случило и претходно во разговор со други новинари каде рекол дека е „хомосексуалец во душата“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.