| четврток, 6 декември 2018 |

Ирина Шајк: Роналдо е момчето што го барав

Убавата руска манекенка Ирина Шајк првпат проговори за врската со најдобриот фудбалер Кристијано Роналдо и за тоа колку разбирање има тој за неа и за работата што ја работи.

Иако се појавија разни шпекулации дека Роналдо ја изневерува убавата Ирина, двојката е во врска три години, а познатиот фудбалер има разбирање за нејзините чести патувања бидејќи работата го бара тоа од неа.

Како што вели Ирина, нејзе ѝ требал некој што ќе ја разбере бидејќи таа си ја сака работата и ги сака патувањата, па затоа барала партнер што ќе нема проблем со тоа.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top