| четврток, 6 декември 2018 |

ФБИ осомничи руски дипломат за шпионажа (Видео)

yuri zaycevФБИ осомничи руски дипломат, директор на културниот центар во Вашингтон, дека се обидувал да врбува шпиони меѓу американските млади луѓе, испратени во Русија во рамки на програма за размена, пишува денеска „Вашингтон пост“.
Јуриј Зајцев, директор на Рускиот центар за наука и култура во Вашингтон, е одговорен за програмата за размена на руската федерална агенција „Россоработка“ за САД. Програмата дава можност млади луѓе да патуваат бесплатно во Русија и да се сретнат со владини претставници.
Според „Вашингтон пост“ Зајцев, кој има дипломатски имунитет, собрал досиеја на Американци, испратени во Русија – студенти, бизнисмени, претставници на НВО и парламентарни соработници, за да се обиде да ги врбува за разузнавачки агенти за време на нивниот престој.
ФБИ започнало истрага и ги сослушува Американците, кои учествувале во програмата, истакнува весникот.
Во соопштение руското МНР ги осуди „исфабрикуваните обвиненија“, истакнувајќи дека „тие претставуваат непријателско дејствие за отежнување на положбата во областа на развојот на меѓународната хуманитарна соработка“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top