Претседателот на Европскиот парламент Мартин Шулц повика денеска за времен прекин на преговорите за договорот за слободна трговија меѓу ЕУ и САД поради новите тврдења за американско шпионирање.
– Мислам дека ние треба сега да ги прекинеме преговорите. Постојат некои стандарди и критериуми кои треба да се почитуваат, во спротивно нема смисла да разговараме, истакна Шулц на форумот на европските социјалисти во Брисел.
Претходно денеска ваков повик упати и лидерот на германските социјалисти Зигмар Габриел, со кого канцеларката Ангела Меркел преговара за формирање коалициска влада.
Ваквите барања се последица на тврдењата дека американското разузнавање можно е да го прислушувало мобилниот телефон на Меркел. Американскиот претседател Барак Обама ја увери германската канцеларка дека овие информации не се вистинити.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


