Скопјанецот С.Ј. заработил тешки телесни повреди во сообраќајна несреча што се случила денеска околу 13.40 часот на булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје.
Несреќата се случила кога се судриле автомобил „голф“, кој го управувал С.Ј., и автомобил „даеву“, зад чиј волан бил 25-годишниот скопјанец В.Ш.
С.Ј. со тешки повреди бил пренесен во скопскиот Ургентен центар. Полицијата сѐ уште врши увид, кој треба да открие како дошло до стравичниот судир.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.