Гулабица се разубави. Екипата на Екстра Ексклузив помогната од Александар Билјановски-Дадар и Ивана Кнез се стави пред голем предизвик – да и даде нов лик на популарната Вале Гулабица. Велат целта беше да се трансформира Вале Гулабица и да се покаже каков е резултатот кога професионалци се во игра.
Кнез за Екстра ексклузив на Канал 5 го коментираше стилот на Вале Гулабица, дизајнираше фустан и накит специјално за неа и и даде модни совети. А тимот на Дадар и тимот на Мое Студио, направија драстична промена на нејзиниот изглед благодарение на моќта на трансформацијата на шминката на Дадар, целосното менување на бојата на косата, обликувањето на веѓите.
За Гулабица да има траен спомен од овој ден, трансформацијата се заокружи со професионална фото-сесија, со Горан В. Поповски зад фотографскиот објектив. Како течеше целиот процес можете да погледнете во видеото во прилог на сајтот на Канал5.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



