| четврток, 6 декември 2018 |

Борисов повика Бугарија да не ја блокира Македонија

bojko borisov1Два дена пред да поднесам оставка на премиерското место, бев во Скопје и со македoнскиот премиер Никола Груевски се договоривме Бугарија повеќе да не ја блокира Македонија на патот кон Европската унија, изјавил за МИА во Брисел поранешниот бугарски премиер Бојко Борисов, кој заедно со Груевски и другите европски лидери, чиишто партии се членки на Европските народни партии (ЕПП) учествуваат на Самит на оваа демо-христијанска партија во Брисел.
– Се надевам дека во позициите за Македонија дека и сегашната Влада треба да биде на ниво на поддршка. Македонската држава е наша најблиска, наша сестра, а најблизок ни е и македонскиот народ. Колку побрзо оваа земја влезе во НАТО и во Европската унија, толку е подобро и за Бугарија, вели Борисов.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top