| четврток, 6 декември 2018 |

Конзервиран римскиот бедем во Хераклеја

Заврши првата фаза од конзерваторско-реставраторските зафати на кружната кула од римскиот бедем на археолошкиот локалитет Хераклеја Линкестис кај Битола.

Првата фаза од проектот за конзервација и реставрација опфаќаше конзервација и делумна реконструкција на кружната кула со пречник од 7,70 метри. Стручните екипи на Заводот и музеј – Битола ја изведоа конзервацијата со употреба на полуобработен автентичен камен, со продолжен малтер. Делумната реконструкција на кружната кула од бедемот, пак, е изведена во висина од 2 метра за да се долови доминантната позиција на објектот кој е единствен од ваков вид во Македонија.

Конзервацијата на локалитетот се изведува за првпат по 27 години, односно од последните конзерваторски зафати врз театарот изведени во 1986 година, вакви активности не се преземени. Конзерваторско-реставраторските активности на овој значаен археолошки локалитет ќе продолжат следната година

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top