Во близина на албанскиот град Ѓирокастро албанската полиција открила 330 килограми марихуана. Дрогата била купена од селото Лазарат и спакувана во 274 палети, а нејзина крајна дестинација бил италијанскиот наркопазар. Овие неколку дена полицијата во Албанија заплени поголемо количество марихуана. Во акцијата насловена „Еленика“ италијанските карабињери уапсија 71 лице поради меѓународна трговија со наркотици и запленија 200 килограми хероин и 500 килограми марихуана прошверцувани од Балканот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


