Началникот на Генералштабот на АРМ, генералот Горанчо Котевски, преку шефот на државата, Ѓорѓе Иванов, на пат е да издејствува политичка согласност за редовниот воен рок пак да стане дел од армиската структура, јави телевизијата „Алфа“.
Генерали во АРМ за Алфа коментираат дека началникот Котевски ја предводи стратегијата за редовен воен рок, откако пред десетина години беше прекинат.
-Само преку влијание кај Врховниот командант, генералот и неговите приврзаници ќе можат да ја истуркаат идејата затоа што дел од генералите се противат, а со идејата не се согласува ниту министерството за одбрана. Двете страни имаат аргументи зошто го застапуваат ставот- Началникот Котевски смета дека ќе се намалат трошоците и несуштинските позиции во армијата, како кујна, стража, магацини, ќе ги покриваат регрутите. Некои генерали пак и експерти предупредуваат дека активирање на воениот рок е потег наназад во реформите – 10 години НАТО сугерира да постои мала и професиоанлна армија. Предупредуваат дека наместо да се вработат нови 1 000 војници за плата, колку што недостасува во армискиот строј, началникот сака местата да ги пополни со регрути. Генралите кои не се согласуваат со реформата предоичиле дека аргументите за поодговорни млади не се издржани затоа што за три или шест месеци младите сега не се превоспитуваат- не како што тоа било во претходниот систем. Токму затоа, некои генерали, го повторуваат логичниот предлог – добороволното служење во армија да се интензивира- ако сега има една класа годишно која оди три месеци во армија, нека се организираат две класи годишно со рок од шест месеци- така ќе се пополни цела година и тоа не би била голема интервенција во законот – јави Алфа.
Згора на тоа големите воени капацитети, како Куманово, Струмица, Битола и сите касарни низ истокот се напуштени. Во законот за одбрана се избришани членовите кои се однесуваат на редовниот воен рок, но со политичка одлука лесно е да се активираат. Се уште е неизвесно колку иницијативата ќе стане реалност и за кои граѓани ќе се однесува, односно како ќе се утврдува старосната граница на регрутите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


