| четврток, 6 декември 2018 |

Во борба за живот нокаутирал ајкула

Американецот Џеф Хортон додека сурфал заедно со своите другари на плажа на Хаваите, бил нападнат од ајкула-тигар.

За да не стане оброк на ајкулата, 25-годишниот сурфер кој порано тренирал бокс, едноставно ја нокаутирал.

– Умрев од страв. Работата беше или да се борам или да умрам, затоа почнав да ја удирам колку можам посилно- вели Хортон.

Погледот му го привлекло нешто големо и темно што му се приближувало од левата страна, на прв поглед мислел дека станува збор за ража.

Tigar ajkula

Како што тој вели се се случило многу брзо, нападот на ајкулата го фрлило од даската.

– И зададов неколку добри удари, а еднаш ја удрив силно во окото, по што таа избега- додаде Џеф.

Неговите пријатели во тој момент дошле и му помогнале да го одвлечат на плажата. Храбриот сурфер вели дека оваа „мала авантура“ нема да го предомисли да престане да сурфа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top