Откако речиси секој од поновите холивудски заводници ја одби улогата на перверзниот богаташ од веќе култната „50 нијанси сиво“, а подоцна и веќе одбраниот актер Чарли Ханам ја напушти продукцијата поради лошите коментари, екранизацијата може да почне.
Главната улога во адаптацијата на бестселерот му припадна на Џејми Дорнан. Ова е прва голема улога за поранешниот модел на „Келвин Клајн“, кој досега остварил само неколку незначајни појавувања во мали проекти, меѓу кои и серијата „Еднаш, многу одамна“ („Once Upon A Time“).
За разлика од оние за Ханам како Кристијан Греј, реакциите на публика за новиот кастинг засега се и повеќе од добри.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.