Главниот град Дамаск и поголемиот дел од Сирија се без електрична енергија по експлозијата на гасовод во близина на аеродромот во Дамаск. Министерството за енергетика смета дека експлозијата во средата е „терористички напад“. Шефот сириската опсерваторија за човекови права со седиште во Лондон, изјави дека експлозијата во гасоводот била резултат на жестоките борби меѓу провладините сили и бунтовниците против владата на претседателот Башар ал-Асад. Автомобилот бомба експлодирал на контролен пункт во предградие на Дамаск предизвикувајќи непознат број жртви меѓу владините трупи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


