| четврток, 6 декември 2018 |

Ламбе раскина со „М2“ и премина во „План Б“

Победникот во шоуто „М2 потрага по ѕвезда“, ја напушти продукцијата која се грижеше за неговата кариера од почетокот. Ламбе Алабакоски одлучи да продолжи во конкурентата продукција „План Б“, со чија помош планира активно да се врати на музичката сцена во Македонија.

– Потпишавме ексклузивен договор со Ламбе на три години. Тој е квалитетен и докажан вокал, а ние ги поддржуваме таквите пејачи. Во наредниот период, за многу брзо време ќе излезе неговиот нов сингл заедно со видеоспот, потоа следува настап на „Скопски фестивал“ и, секако, подготовка на новиот албум – изјави првиот човек на „План Б“, Кристијан Стефановски, за „Утрински“.

Ламбе по подолг престој во САД и паузата од настапувањето во нашата земја, се врати дома. Неодамна ја овековечи својата долгогодишна врска со Магдалена, а сега конечно повторно ќе се врати активно на музиката.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top