Италијанската полиција уапси пет лица под обвинение дека краделе пејсмејкери од починати луѓе. Уапсените биле вработени во мртовечницата во болницата „Сан Салваторе“ во Пезаро.
Уапсените ги подготвувале починатите лица за погреб. Тројца од нив се приведени додека ги ваделе пејсмејкерите од труповите. Тие барале и пари од семејствата на починатите за нивната облека, но тие пари не ги внесувале во касата на болницата,
Италијанската полиција за случајот истражува уште триесетина луѓе, меѓу кои има лекари и вработени во погребалните служби.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


