| четврток, 6 декември 2018 |

Ѕверски убиства во Сирија: Неродено бебе застрелано во глава во стомакот на мајката

Нови шокантни фотографии од Сирија покажуваат дека во оваа земја се случуваат ѕверски злосторства во кои не се поштедени ниту трудните жени.

Оваа фотографија, според Би Би Си била снимена во сириска болница на која се гледа рентген снимка од трудна жена и бебе со куршум во главата. Како што пренесуваат медиумите, жената која била застрелана од снајпер преживеала, но не и нероденото бебе.

bebe so metak vo glava

Пукањето од снајпер по трудни жени е се почеста појава во градовите во Сирија. Британскиот хирург Дејвид Нот кој волонтирал во сириската болница пет недели откри за Би Би Си дека видел трудници во кои снајперистите намерно целеле во стомак. Не е познато ниту кој пука ниту од која страна долетуваат куршумите.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top