| четврток, 6 декември 2018 |

(ВИДЕО) Запалена претседателската палата во Каиро

Голем оган го зафатил влезот на претседателската палата во Каиро, откако демонстрантите фрлиле молотови коктели и камења со безбедносните сили кои одговорија со водени топови и солзавец.


Египет го тресат протести од минатонеделното одбележување на револуцијата од 2011. Демонстрантите се бунат заради спорите промени и неодамнешните наредби на преетседателот Мохамед Морси за 30-дневен полициски час во деловите зафатени со насилства. Државната телевизија јавува дека безбедносните сили го чистат реонот пред палатата додека демонстрациите продолжуваат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top