| четврток, 6 декември 2018 |

Кој ја прислушкува Ангела Меркел?

Официјален Берлин поседува информации дека известувачките служби на САД го прислушувале телефонот на германската канцеларка Ангела Меркел.

Портпаролот на германската влада рече дека канцеларката за тоа реагирала кај претседателот на САД, Барак Обама.

Меркел во разговор со американскиот претседател, недвосмислено изнела став дека такво нешто е крајно неприфатливо.

Од друга страна, Белата куќа издала соопштение во кое стои дека Обама ја уверил Меркел дека САД не ги прислушувале и не ги следеле нејзините разговори.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top