| четврток, 6 декември 2018 |

Тетово празнува на „свој“ начин: истакнати државни знамиња, но граѓаните не знаат што се слави

На Тетово баш не му оди со државните празници, објави „Алфа“. Ништо во градот не навестува дека денеска е неработен ден.Отворени продавници,раздвиженост по улици-навидум обично секојдневие.
Да ги прашате тетовци за празникот различно ќе ви одговорат.Некои знаат што празнува Македонија, други пак,знаат дека се слави, но не знаат што.Има и такви, кои прв пат слушнаа дека денешниот ден е државен празник.
Градот под Шара веќе подолго време на “свој” начин си ги одбележува државните празници.Но,барем ја исправи грешката со знамињата.За да не се случи повторно да се заборави да се истакнат за празник, државното знаме,но заедно со албанското и тоа на општината, постојано се веат на јарболите низ центарот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top