| четврток, 6 декември 2018 |

Македонците во Корча одат на предвремени избори

Единствената партијата на Македонците во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција, преку генералниот секретар Васил Стерјовски, денеска на прес конференција за медиумите во Корча ја повика македонската заедница во Корча, на предвремените локални избори во Корча, кој ќе се одржат на 3 ноември, да гласаат за кандидатот за градоначалник од Социјалистичката партија, Сотираќ Фило.

Во декларацијата стои:

“Македонска алијанса за европска интеграција, како единствена партија која ги брани интересите на македонската заедница во Албанија,  ја повикува македонската заедница која живее во Корча, за предвремените локални избори што ќе  се одржат на 3 ноември во Корча, да гласаат за кандидатот за градоначалник на левата коалиција “Алијанса за Европска Албанија”, Сотираќ Фило.
Г-дин Сотираќ Фило како заменик-градоначалник на градот со својата досегашна работа во текот на претходните годините е дел од успехот на проектот за европска Корча.

Фило има визија за тоа како треба да се развива нашиот град и како иден градоначалник на општина Корча ја има нашата целосна поддршка за спроведување на својата програма и конкретни проекти за да направи повеќе за развојот на нашиот град.” – изјави Васил Стерјовски.

Предвремените локални избори во Корча се одржуваат откако досегашниот градоначалник Нико Пелеши беше назначен за заменик-премиер на албанската Влада.

Сотираќ Фило досега ја извршуваше функцијата заменик-градоначалник на општина Корча.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top