Од шеесет до осумдесет деца ќе бидат згрижени во новата детска градинка „Морковче“ во Нова Колонија Идризово.
Со детски песни и кореографии дечињата го означија почетокот на работата на новата градинка во која ќе бидат сместени три категории на деца: јасли, мала и голема група.
Премиерот Никола Груевски, кој присуствуваше на отворањето на градинката, истакна дека новите генерации значат и нова иднина.
-Придобивките од отворањето на новите градинки се повеќекратни и се отвора капацитет за сместување на дечиња блиску до нивните домови, што е во нивна и во корист на нивните родители, истакна премиерот.
Тој посочи дека во изминатите 50 години двојно е намален бројот на новороденчиња, а Владата води политики кои имаат за цел да ги поттикнат родителите да имаат повеќе деца и да ги прошират семејствата.
Министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов, посочи дека новиот објект ја покажува континуираната заложба на Владата и дека во иднина децата и нивното згрижување ќе им биде најголема мотив и цел.
-До крајот на годината ќе бидат отворени уште четири нови градинки, а реконструирани и адаптирани се уште 15, посочи Спасов.
На отворањето присуствуваа и градоначалниците на Скопје и Гази Баба, Коце Трајановски и Тони Трајковски.
Повеќе фотографии на Курир.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Скандал во градинка: Учителка со сила брка и влече дете по под (видео)
-
Драма во градинка во Прилеп: Вработена физички нападната од сопруг на колешка
-
Родителите и негувателките дале изјави за настанот во градинката „Буба Мара“
-
Избегнат поголем инцидент во скопска градинка: Извадиле пиштол и нож спремни за пресметка


