Во тешката сообраќајна несреќа меѓу две возила кои се судрија во близината на излезот од автопатот кај Среданци, Хрватска, тешко е повредена актерката Долорес Ламбаша.
Според хрватските медиуми, таа моментално е во Одделот за реанимација во Општата болница „Д-р Јосип Бенчевиќ“ во Славонски Брод, каде што докторите се борат за нејзиниот живот на операционата маса.
– Утрово, околу 6.45 часот, добивме информација дека на автопатот А3 во насока на Загреб се случил судир меѓу два автомобила, „нисан“ и „поло“. Две лица беа повредени, едно од нив потешко. Амбулантните возила веднаш се упатија кон болницата во Славонски Брод – потврдуваат од полицијата за „Нет.хр“.
Актерка Долорес Ламбаша ѝ е позната и на македонската публика по неколкуте хрватски серии што се прикажуваа на нашите телевизиски програми.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


