Во експлозија во камп за воена обука во регионот Псков во западниот дел на Русија загинале шест војници, додека двајца се повредени, пренесе руската државна агенција. Во соопштението се наведува дека „шест припадници на руските воздухопловни сили загинале во експлозија, додека уште две се повредени и префрлени во најблиската медицинска установа“.
Се уште не е позната причината за експлозијата, која се случила откако војниците се враќале од противпожарна вежба.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.