Во 2022 година со Западна Европа повторно ќе доминира Германија
Франција, Белгија, Австрија и најголемиот дел од Италија се под германска доминација. Но, овој пат не поради германската војска туку поради поканата на Париз Германците да владеат со нивната земја и да ги воведат своите економски политики.
Германија прифаќа, нема веќе богата социјална помош и никаков јавен превоз. Италијанските криминалци со се Берлускони, се во затвор.
Барила запира со антигеј рекламите, Ферари е купен од Фолцваген и сега произведува ефтини автомобили. Се е прекрасно.
Новата земја се вика Меркелрајх а главен град е Нов Берлин.
Се разбира Европската Унија пропадна. Германците и Французите го видоа светлото, ја прифатија германската валута и продолжија со животот.
Источна Европа која пред само мал период влезе во ЕУ а свесна дека предолго чекала да влезе и сеуште се обидува да биде дел од неа , барем додека не дојде нешто подобро.
Турција се разбира сеуште со ентузијазам чека на членство.
Кина ја купува Грција и зажалува за тоа, освен убавите острови таму нема ништо друго.
Тајван ја купува задолжената Ирска.
Годишниот Грчко – Ирски фудбалски меч секогаш предизвикува дипломатска криза откако напиени Ирци ќе го запалат Кинеското државно знаме.
Британија сеуште тврди дека е регионална сила но навистина не е тоа.
Британците искажуваат многу закани но никој не ги зема за сериозно.
Тие сеуште можат да го освојат светскиот куп и сеуште го имаат најлошото кулинарство на континентот.
Шкотска се отцепи одамна, тоа им беше најдобрата одлука.
Швајцарија е една голема банка, и тоа има смисла.
Ватикан се откажа од Италија што беше одлична одлука за италијанската модна сцена. Ќе биде интересно да се види што се можат да сторат “gays” од Рим до Фиренца сега кога Ватикан нема да ги контролира.
Ватикан е сега во Шпанија. Барселона одамна се отцепи од Шпанија.
Холандија сѐ уште е домаќин на неважни организации на кои никој не им обрнува внимание.
Распаѓањето на Европа започна во Скандинавија во 2014 кога таму луѓето сфатија дека животниот стандард кај нив е далеку подобар од останатите земји и затоа треба да се заштити од варварскиот континент.
Така се роди втората Калнарска Унија која процвета. Луѓето живеат 150 години и нема криминал.
Икеа го претрка Волмарт како светски бренд а Исланд е сега дел од Аљаска.
Америка се обидува да преживее по 6 години под администрацијата на Ранд Пол. Русија сеуште е стап за сите.
Мапата и објаснувањето се направени од Бугарскиот уметник Јанко Цветков.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.