| четврток, 6 декември 2018 |

Словачкиот амбасадор се збогува со македонските пријатели: дел од мојата ду­ша и моето ср­це оста­нуваат ту­ка (фотогалерија)

– Ко­га дој­дов во Ма­ке­до­ни­ја во де­кем­ври 2008 го­ди­на имав го­ле­ми оче­ку­ва­ња. То­гаш бев наз­на­чен за вр­ши­тел на долж­но­ста ам­ба­са­дор на Ре­пуб­ли­ка Сло­вач­ка во Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја. Во ју­ни 2009 го­ди­на кан­це­ла­ри­ја­та во Скоп­је бе­ше по­диг­на­та на ни­во на Ам­ба­са­да на Ре­пуб­ли­ка Сло­вач­ка. Ова бе­ше на­ша пр­ва ам­ба­са­да во Ма­ке­до­ни­ја и дој­дов да ја етаб­ли­рам. Ма­ке­до­ни­ја ка­ко дел од за­па­ден Бал­кан е при­о­ри­тет за над­во­реш­на­та по­ли­ти­ка на Сло­вач­ка. Не­кои од тие оче­ку­ва­ња ди­рект­но се по­твр­ди­ја. Зго­ле­мен е обе­мот на тр­го­ви­ја ме­ѓу Сло­вач­ка и Ма­ке­до­ни­ја. Во пер­и­о­дот од 2007 го­ди­на до 2011 го­ди­на, за че­ти­ри го­ди­ни че­ти­ри­па­ти се зго­ле­ми про­ме­тот на тр­го­ви­ја­та ме­ѓу две­те зем­ји. Ма­ке­дон­ски­от из­воз во Сло­вач­ка и по­на­та­му ди­на­мич­но рас­те. Но, не­кои оче­ку­ва­ња не беа за­до­во­ле­ни. Тие се по­вр­за­ни со на­пре­док на Ма­ке­до­ни­ја во про­цес на европ­ски ин­те­гра­ции и приб­ли­жу­ва­ње кон Европ­ска­та уни­ја (ЕУ). Во 2009 го­ди­на дој­де до виз­на ли­бе­ра­ли­за­ци­ја и на­ши­те оче­ку­ва­ња за бр­зо отво­ра­ње на пре­го­во­ри за членс­тво во Европ­ска­та уни­ја се по­ка­жаа ка­ко по­ви­со­ки од ре­ал­но­ста. Ма­ке­дон­ци­те зас­лу­жу­ва­ат по­ве­ќе и по­до­бро од ова што го има­ат се­га. Од 2005 го­ди­на Ма­ке­до­ни­ја е зем­ја-кан­ди­дат за ЕУ и мис­лам де­ка зас­лу­жи да се отво­рат при­стап­ни­те пре­го­во­ри. Кол­ку по­бр­зо се слу­чи тоа, тол­ку по­до­бро за Ма­ке­до­ни­ја, за ре­ги­о­нот и за ЕУ, за си­те нас  – зборуваше неодамна за Република,Ро­берт Кир­наг, ам­ба­са­до­рот на Ре­пуб­ли­ка Сло­вач­ка во Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја.

Тој вечерва направи забава со која го означи крајот на неговата амбасадорска функција. Но иако за­вр­ши ан­гаж­ма­нот во Ма­ке­до­ни­ја дел од не­го­ва­та ду­ша и од не­го­во­то ср­це ќе оста­нат ту­ка.

– Се на­де­вам де­ка ќе има­ме и крв­на вр­ска би­деј­ќи мо­же ќе до­би­е­ме и снаа од Ма­ке­до­ни­ја. Мо­јот син пред че­ти­ри го­ди­ни се за­поз­на со ед­но уба­во ма­ке­дон­ско де­вој­че и сѐ уште се за­ед­но. Сту­ди­ра­ат и жи­ве­ат за­ед­но во Хо­лан­ди­ја. За­тоа ве­ру­вам де­ка ќе има­ме мно­гу сил­на и при­ват­на вр­ска со Ма­ке­до­ни­ја. Ов­де нај­дов­ме мно­гу но­ви при­ја­те­ли. На иску­ше­ние сум да ку­пам ед­но уба­во зем­ји­ште со ло­зо­ви на­са­ди, да на­пра­вам ед­на ма­ла ви­кен­дич­ка со при­ва­тен по­друм. Тоа би бил уште еден по­вод по­че­сто да се вра­ќам во Ма­ке­до­ни­ја – из­ја­ви ам­ба­са­до­рот на Сло­вач­ка.

Галерија од забавата

Фото: Игор Ангеловски

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top