Жител на ромската населба во Бардовци е повреден попладнево во сообраќајна несреќа на улица „Скупи“. Според кажувањата на очевидците тој излетал пред возило на улицата, јави Канал 5, додавајќи дека повредениот всушност бегал од група локални жители од чиј двор украл кокошка.
Крадецотсо кокошката успеал да стигне до тротоарот на улицата „Скупи“ додека го гонеле со зелен автомобил Застава 101.
Кога бегалецот видел дека веќе бил стигнат, ја фрлил кокошката и се обидел да ја претрча улицата и покрај густиот сообраќај. Но веднаш удрил во пик-ап кој се обидел да сврти во левата лента, но не успеал да го избегне.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.