| четврток, 6 декември 2018 |

Цело тетовско семејство во болница – се отруле од печурки

Осумчлено семејство од Тетово е во тешка состојба откако изеле отровни печурки, дознава Здравство24.мк. Вчера попладне со возила на Брза помош биле донесени на клиниката за Токсикологија.

5 лица од поширокото семејство се во критична состојба и се борат за живот. Меѓу затруените има и 5 месечно бебе. Отровот од печурките му го пренела мајката преку мајчиното млеко. Бебето е хоспитализирано на клиниката за Детски болести, а останатите членови од поширокото семејство се на одделот за интензивна нега на Токсикологија и се под постојан надзор на лекарите од  клиниката.

Печурките кои ги изеле се од родот amanita virosa и се едни од најотровните, а се слични на шампињоните. Им ги донел нивни роднина, кој ги собирал на Шар Планина.

Според токсиколозите отровните печурки предизвикуваат сериозни оштетувања на црниот дроб и бубрезите, а последиците може да бидат и фатални. Вакво помасовно труење со печурки немало повеќе од 7 години.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top