Инстант лотаријата Детелинка деновиве е посебно популарна кај нашите играчи на среќа. Ова ни го покажуваат нашите среќни податоци, според чија евиденција минатата недела ја откривме добитничката на 100 илјади денари од Тетово, а веќе денес имаме нова среќна добитничка и тоа на најголемата премија во оваа игра на среќа-500 илјади денари.
Кумановчанката К. М. која е пензионерка е редовен конзумент на игрите на среќа на Државна лотарија на Македонија. Својот среќен инстант лоз Детелинка го купила од продажното место Шуман Зора во Куманово и тоа утрински, за да и тргне денот со убаво. И така бидна. Утрото се покажа како убаво, па и добитно, и ја донесе најголемата премија инстант лотарија Детелника, вредна 500.000,00 денари.
Кумановчанката стана нашиот 4ти среќен добитник кој изгреба три идентични суми, а тие пак се гаранција за посакуваната премија- 500.000 денари.
Само за потсетување лозот Детелинка беше лансиран на крајот на 2012, а во својата добитна комбинација вклучи само парични добивки од кои: 5 добивки по 500.000 денари, десет добивки по 100.000 денари , сто добивки од по 10.000 денари и други бројни добивки од 30 до 1000 денари. Лозот е посебно атрактивен заради податокот што нуди вкупна вредност од 19.500.000 денари, а секој трет крие добивка. Трите идентични суми во детелинката се вашата лозинка за добивка во оваа игра на среќа. Инстант лозот ДЕТЕЛИНКА е единствена можност како за 30 денари да се добијат до 500.000 денари
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.