| четврток, 6 декември 2018 |

Бесплатните реклами на МТВ ги скараа членовите на Радиодифузија

Кавга во Советот за радио дифузија поради бесплатните реклами на јавниот сервис. Столе Наумов, обвини дека тоа е затскриен начин на рекламирање под парванот на бесплатно информирање за достигнувањата на локалната власт. Тој запраша дали со ова не се ставаат во поддредена ситуација останатите кандидати за градоначалници. Наумов бара за ова да се реагира до македонскиот јавен сервис.

Но претседателот Зоран Трајчевски  не се согласува. Вели нема ништо спорно затоа што овие рекламите биле со предзнак бесплатни. Немало плаќања со буџетски пари, па затоа нема ни простор за евентуална реакција на советот.

За изминатата година Советот не поднел прекршочни пријави до радиодифузерите. Електронските медиуми поминале само со писмени опомени. Во 2011-та биле поднесени 33 прекршочни пријави од кои 14 се завршени а 19 се уште се во постапка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top