35-годишната А.Д. од Ниш беше застрелана во рамото од страна на арогантен возач кому му пречело нејзиното возење според пропишаната брзина.
Обидот за убиство се случил пред неколку дена на кружниот тек кај аеродромот „Константин Велики“ во Ниш.
– Отидов околу 18 часот со автомобил до супермаркет за да купам вечера за моите деца. Кога излегував од кружниот тек, зад мене забележав „фиат“, кој со огромна брзина доаѓаше накај мене и почна да ми свири. Јас се преселив во десната лента. На пешачкиот премин кај трафиката, тој ме стигна. Следното нешто на што се сеќавам е болката во рамото и стакло од прозорците во очите и устата. Видов крв на мојата рака, сфатив дека сум застрелана – раскажала сѐ уште шокираната А.Д. за српски „Блиц“.
Полицијата соопшти дека жената имала среќа бидејќи куршумот прво ја погодил лајсната на прозорецот на нејзината „тојота корола“, што го забавил и по што се сменил неговиот пат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.