| четврток, 6 декември 2018 |

65 сочни бакнежи за Бар Рафаели

Да ја бакнеш 65 пати Бар Рафаели… тоа го посакуваат многумина, ама не може секој да биде среќлија. Тоа му успеа на момчето кое снимаше реклама со супермоделот, па делот со сочниот бакнеж мораа да го повторат 65 пати за да ја снимат рекламата за компанијата Go Daddy.

Станува збор за реклама која ќе се емитува на Суперкупот во американски фудбал, еден од најгледаните настани на телевизија во светот. Go Daddy продава интернет домени и хостира веб страни, а идејата на рекламата е дека компанијата во себе совршено ги спојува сексапилот и интелигенцијата.

Рафаели има пофални зборови за Џеси Хајмен, 34-годишниот актер што го игра компјутерџијата, а досега ниту еднаш не се појавил во реклама или пак бакнал супермодел.

– Му кажав на Џеси дека одлично се бакнува – изјави Рафаели.

Компаниите плаќаат и до 4 милиони долари за 30 секундна реклама на американскиот Суперкуп.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top