| четврток, 6 декември 2018 |

Шверц на зелка поисплатлив од дрога – откриено семе за зелка вредно 135.000 евра

semenski materijal,4031

При контрола на патничко моторно возило со бугарски регистарски таблици  управувано од македонски државјанин, пријавено за излез на граничен премин Дојран , пронајдено е 48,5 кг. Семе за зелка произведено од физичко лице во Р.Македонија а наменето за физичко лице од Р.Бугарија. Од запленетата количина во рефуз со препакувањето би се добиле 970 пакувања од 50 g кои во малопродажба чинат од 70 ЕУР до 140 ЕУР, односно запленетата стока во малопродажба би чинела од 67.900,00 ЕУР до 135.800,00 ЕУР.

Од запленетата количина на семенски материјал можат да бидат засадени околу 250 хектари површина од која би се добиле 10.000 тони зелка (од 1 хектар површина се добива околу 40 тони зелка). Пронјаденото семе е спакувано во најлон кеси и јутени вреќи во рефузна состојба, без никаков фито-санитарен сертификат или ознака за квалитет и вид на производ (сорта, калибража и сл.), што исто така може да влијае на квалитетот на целиот род и директно да влијае на здравјето на потрошувачите, јавува Царинската управа.

Покрај ова Царината деновиве запленила и тули, материјал за правење сладолед…

Во нивното соопштение стои:

Девизи – 27.950 евра на Табановце во два одвоени случаи
– Во првиот случај во патничко моторно возило пријавено за излез од државата царинските службеници пронајдоа 19.950 евра. Во возилото покрај возачот кој бил македонски државјанин патувало уште едно лице исто така македонски државјанин. При извршената контрола на лицата, кај совозачот во задниот џеб сокриени во најлонска кеса пронајдени се 19.950 евра за кои лицето не поседувало никаков документ за потекло. Согласно Законот за девизно работење на патникот му се вратени 2000 евра, а привремено се задржани 17.950 евра.
– Во вториот случај мобилните тимови кај грчки државјанин пронајдоа непријавени девизни средства во висина од 20.000 евра. Согласно законот за девизно работење на лицето како нерезидент вратени му се 10.000 евра а останатите привремено се задржани

tuli, 5091

Стока за која постои сомневање дека повредува права од интелектуална сопственост
Во три одвоени случаи при увозно царинење на Царински испостави во Скопје спречени се обиди за увоз на стока за која постои основано сомневање за повреда на права од интелектуална сопственост.
– Во првиот случај на Царинска испостава Скопје 2 при контрола на пријавени козметички производи со потекло од Турција пронајдени се 1.344 парчиња дезодоранси со лого на заштитена трговска марка. Вредноста на привремено задржаната стока доколку би била оригинал би изнесувала околу 26 000 евра.
– Во вториот случај на Царинска испостава Скопје 1 фирма увозник од Скопје пријави за увозно царинење разна стока со потекло од Кина, претходно складирана во царински склад. При извршениот преглед, пронајдени се 1094 парчиња со ознака на заштитена трговската марка и тоа: куфери – 64 парчиња, албум за визит карти – 200 парчиња, конференциски мапи – 327 парчиња, актчанти – 464 парчиња и торби – 39 парчиња;
Пријавената вредност на привремено задржаната стока е 4000 фунти , но доколку би се продавала како оригинал би изнесувала 20 000 фунти.
– Во третиот случај во близина на цементарница УСЈЕ мобилните тимови извршија е контрола на ПМВ со македонски регистарски ознаки управувано од македонски државјанин. При вршење на прегледот во возилото пронајдени се 90 парчиња долни тренерки, од кои 45 парчиња долни со лого на заштитената трговска марка за која горенаведеното лице не поседувало никаква документација. Доколку би биле оригинални производи нивната вредност би изнесувала 54.000 денари
Во трите случаи под сомнение дека стоката повредува права на интелектуална сопственост на заштитени брендови истата е привремено задржана и отпочната е постапка за утврдување на нејзината оригиналност, соглсно Законот за заштита на права од интелектуална сопственост.

 

Во Царинска испостава Гевгелија во два одвоени случаи откриени се 603 кгм бази за сладолед и 100 пара машки и женски обувки.
– Во првиот случај кај товарно моторно возило со македонски регистерски таблици пријавено за увозно царинење на стока за фирма увозник од Скопје. Царинските службеници извршиле детален преглед на стоката со потекло од Италија, евидентирана со увозна декларација при што е утврдено дека увозникот со царинската декларација не ја опфатил сета стока која би требало да се стави во царинска постапка односно откриени се непријавени 603 кгм базa за сладолед. Доколку се пријави вредноста на стоката би била 198.614,00 денари а избегнатите царински давачки се 52.972,00 денари.
– Во вториот случај при преглед на стока пријавена за увозно царинење за фирма од Тетово, покрај пријавената пронајдена е и непријавена стока и тоа 100 пара машки и женски чевли. Доколку се пријави вредноста на стоката би била 23.700,00 денари а избегнати царински давачки се 12.709,00 денари.
Во сите случаи непријавената стока привремено е задржана а против сторителите покренати се прекршочни постапки согласно Царински закон.

Останата непријавена стока
– 340 готови текстилни производи (долна облека и марами), откриени на граничниот премин Богородица, при детална контрола на патничко возило со македонски регистарски таблички, управувано од македонски државјанин, пријавено за влез во државата.Непријавената стока била сокриена во три патни торби, сместени во во просторот за багаж на возилото.
– 611 разни текстилни производи и модни додатоци (марами, молитвени килимчиња, ташни, огледалца, алки, венчиња, прстени, бројаници и др.), откриени на скопскиот аеродром Александар Велики, при контрола на патните торби на македонска државјанка, која допатувала со лет од Истанбул.
– 177 готови текстилни производи (комплети пижами и тренерки, детски комплети, поткожули, долни тренерки, чорапи, хеланки и маици), откриени на граничниот премин Ново Село, при контрола на патничко возило со бугарски регистарски таблички, управувано од бугарски државјанин, пријавено за влез во државата. Непријавената стока била пронајдена под совозачкото седиште, на задните седишта, прекриени со палто, и зад задните седишта на возилото.
– 780 блок тули, откриени на царинската испостава Блато, при контрола на товарно возило со албански регистарски таблички, управувано од албански државјанин, пријавено за излез од државата.
– 3 моторни пили за сечење на дрво, гранит и плочки, откриени од страна на мобилните царински тимови, при контрола на автобус со македонски регистарски таблички, пријавен за влез во државата на граничниот премин Табановце автопат. Непријавената стока, сосптвеност на возачот, македонски државјанин, била пронајдена во багажниот простор на автобусот.
– 10 автоделови (сетови заптивки и лагери), откриени на граничниот премин Табановце автопат, при контрола на автобус со македонски регистарски таблички, што сообраќал на редовна линија од Анкона-Струга. Непријавената стока, сопственост на возачот, македонски државјанин, била пронајдена во картонска кутија, сместена во просторот позади возачкото седиште.
– 1 алтернатор за товарно возило DAF, откриен на царинската испостава Делчево-патнички промет, при контрола на патничко возило со бугарски регистарски таблички, управувано од македонски државјанин, пријавено за влез во државата. Непријавениот алтернатор бил пронајден под капакот на моторот, привидно преспоен со пластични црева, за да изгледа како составен дел на моторот.
– 362 м2 памучна и синтетичка ткаенина, откриена од страна на Службата за надзор на иматели на одобренија при Царинарница Штип, при контрола на магацинот за суровини на фирма од Штип, имател на одобрение за увоз за облагородување. За пронјадената стока не биле платени увозни царински давачки, а според евиденцијата на фирмата истата била раздолжена со извозни царински декларации.
Покрај тоа, при контрола на друга фирма од Штип, исто така имател на одобрение за увоз за облагородување, царинските службеници констатирале дека истата не води евиденција за стоката која е предмет на увоз за облагородување, со што не ги исполнила условите од одобението, за што ќе му бидат изречени 15 мандатни казни, износот на 1 мандатна казна е 250 евра во денарска противвредност за правно лице и 50 евра во денарска противвредност за одговорното лице, согласно Царинскиот закон.

Царинска измама

На царинската испостава Куманово е откриен обид за избегнување плаќање царински давачки со погрешно тарифирање на стока.
Фирма увозник од Куманово, пријавила за увозно царинење 14.008 кг базно масло, декларирано во тарифна ознака со пропишани стапка за царински давачки од 0% и стапка за ДДВ од 18%.
При детален преглед на стоката, царинските службеници утврдиле дека истата треба да се распореди во друга тарифна ознака, со пропишани стапка за царински давачки од 0% , акцизни давачки од 7 денари/кг и стапка за ДДВ од 18%.
Врз основа на новоутврдената состојба, пресметани се дополнителни давачки во износ од околу 116 илјади денари, а против увозникот ќе биде поведена и прекршочна постапка.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top