Недемократски изјави и ниски критики кои не соодветствуваат во меѓудржавна комуникација. Теренс Куик, пратеник на грчката партија Независни Грци, упатил критики за, според него, провокативната изјава за Грција на македонскиот премиер Никола Груевски:
„Продолжува да провоцира историски необразованиот Никола Груевски со својата изјава во Прилеп нарекувајќи ја нашата земја „бивша отоманска провинција“.
Тој го критикува Стејт департментот што не реагирал. Тој го нарече премиерот на БЈРМ „опасен шегаџија на Балканот“ и порача:
– Премиерот Адонис Самарас и потпретседателот Евангелос Венизелос ги прашувам дали сѐ уште ќе инсистираат на отстапување на името на нашата Македонија на премиерот на Вардарска и на другите избезумени како него – вели тој нарекувајќи го Груевски екстремистички премиер.
Ваквите ставови доаѓаат по изјавата на Груевски во Прилеп кога тој запраша како би се чувствувале Грците ако ги нарекуваме поранешна отоманска провинција. Куик смета дека премиерот продолжува да предизвикува со „неписменоста и непознавањето на историјата“.
Се чини за Грција „бивша“ е навреда, а бараат Македонија со гордост да ја носи придавката.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Судот одреди 30 дена притвор за Груевски и во случајот ,,Титаник‘
-
Унгарската влада за „Макфакс“: Му дозволивме на Груевски да побара азил од безбедносни причини бидејќи беше премиер
-
На комисија изгласано одземање на мандатот на Груевски, конечната одлука на пленарна седница
-
Ниту јас, ниту другите обвинети во случајот за градбата на патиштата, не сме обвинети за земање на провизии