| четврток, 6 декември 2018 |

Собранието ќе расправа за извештајот на Европската комисија за Македонија

sobranie-sednica-1

Народните избраници денеска ќе дебатираат по најновиот Извештај на Европската унија за 2013 година. Исто така, во Собранието на Република Македонија денеска седници ќе одржат комисите за политички систем и односи меѓу заедниците, за труд и социјална политика, за земјоделство, шумарство и водостопанство и Комисијата за образование, наука.

Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците, ќе расправа по Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за основање на Државна комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен, по скратена постапка – второ читање.

На дневен ред на Комисија за труд и социјална политика се Предлог-законот за изменување на Законот за работните односи во прво читање, измените и дополнувањата на Законот за заштита на децата, на Законот за социјалната заштита, на Законот за безбедност и здравје при работа, на Законот за инспекција на трудот и Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за задолжително капитално финансирано пензиско осигурување, сите во прво читање.

Членовите на Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство ќе дебатираат за измените и дополнувањата на Законот за државниот инспекторат за земјоделство, на Законот за шумарска и ловна инспекција, на Законот за ловството, на Законот за рибарство и аквакултура, на Законот за тутун и тутунски производи и на Законот за безбедност на храната, сите во прво читање. На дневен ред на оваа Комисија е и Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за шумите, по скратена постапка во второ читање поднесен од пратеници од владејачкото мнозинство.

Единствена точка на дневен ред на Комисијата за образование, наука и спорт е Предлог-законот за дополнување на Законот за Бирото за развој на образованието, по скратена постапка, во второ читање.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top