Шефот на Шведската дипломатија Карл Билд денеска од Минхен со порака која ќе му предизвика многу проблеми со Грчките партнeри во ЕУ.
Билд кој од 2006 е шеф на шведската дипломатија а предходно беше инволвиран во мирното надминување на Екс Југословенската криза денеска преку социјалните мрежи најави дека се сретнал со македонскиот претседател Иванов и со македонскиот министер за надворешни работи Попоски.
Со двајцата соговорници за кои вели дека се од Македонија разговарал за внатрешната политичка ситуација и за евроитеграциите.
Со оглед на тоа што грчката дипломатија ги следи сите изјави на европските лидери и инсистира сите да ја користат референцата ФИРОМ не се исклучува дека Билд кој денеска користеше сaмо Македонија уште во текот на денов ќе добие демарш од Атина.
На конференцијата за безбедност каде што учествува Билд присутни се и шефот на Грчката дипломатија Аврамопулос и екс министерката Бакојани.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


